Honda e || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || агилност || безбедност || полнење на батериите || прашања
спецификации || опрема || фото || брошура
ПОГЛЕДНЕТЕ!
Панорамскиот стаклен покрив обезбедува чувство на просторност, пропуштајќи мноштво светлина и овозможувајќи раскошен поглед. Сето тоа додека сте удобно изолирани од метежот и вревата на градот.
Простор за релаксација
Пространата кабина се чувствува како пријатна дневна соба. Смирувачки непретрупаниот ентериер со модерна естетика создава опуштен амбиент со максимален простор за нозете и целосен комфор.
Простор насекаде
Нема централна конзола, така што внатрешноста се чувствува уште пошироко. Ова чувство на просторност е подобрено со рамниот под во предниот и задниот дел на кабината. Сместете се на удобните седишта и уживајте во екраните низ целата внатрешност кои ќе ви обезбедат чувство дека патувате низ просторот.
Простор за повеќе
Во багажникот имате простор за секојдневно користење, кој дополнително со преклопување на задните седиште се зголемува обезбедувајќи повеќе место за багаж и други големи предмети. Honda e е дизајнирана да биде флексибилна одвнатре.
Изгледа мало, делува големо
Дизајнот на дневна соба се пренесува и назад каде Honda e ги разгалува патниците со одличната удобност и просторот за нозете.
ИСКЛУЧИТЕЛЕН КОМФОР. ИСКЛУЧИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ
Седиштата на Honda e се преслечени со издржливи, но сепак меки на допир ткаенини. Тие го држат телото и се комфорни исто како и во вашиот дом.
Дигиталната инструмент табла раширена низ ентериерот има пет екрани во боја со висока резолуција, направени за лесно користење. Важните информации за возилото, вклучувајќи ги и состојбата на погонскиот систем, наполнетоста на батериите, режимот на возење и безбедносните информации, ги обезбедува 8,8 инчен TFT дисплеј на дофат на раката.
ИНОВАТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА НА ВАША УСЛУГА
Останете поврзани каде и да сте
Двата централни LCD екрани од 12,3 инчи чувствителни на допир овозможуваат пристап до повеќе информации за возачот и сопатникот истовремено, овозможувајќи да избирате и прегледувате одделни апликации секој за себе. Интуитивниот приказ е налик на паметен телефон, со контроли кои овозможуваат приказот со едноставно лизгање да се префрлува меѓу двата екрани, што значи дека сопатникот може да ги префрли информациите од системот за навигација кај возачот и потоа да ги разгледува списоците со музика.
Поголема слика
Системот на странични камера-ретровизори вклучува ергономски позиционирани екрани на секој крај од внатрешноста со кои се обезбедува природно чувство при погледот наназад. Внатрешниот камера-ретровизор* ја прикажува сликата од задната камера со возилата зад вашето уште поширока.
*Достапно кај Honda e Advance
Струја за сé
Добивате струја кога и да ви треба – вашата Honda e заедно со другите приклучоци има излез и од 230 V. Полнете телефони, таблети, компјутери и сé друго што ви треба – нема потреба да одите дома за да се чувствувате како дома.
ЗГРАПЧЕТЕ ГО УПРАВУВАЧОТ
Кожен управувач
Луксузен, но и спортски, на кожениот управувачот многу од контролите што ви се потребни ќе ги најдете под вашите прсти, што ви олеснува да командувате со контролите без да треба да го тргнете погледот од патот.
Фото-галерија
Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda e
Спецификации
Погледнете ги
спецификациите
на Honda e
Опрема
Запознајте се
со опременоста
на Honda e
Брошура
Симнете ја
најновата брошура
за Honda e