e конективност

Honda e || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || агилност || безбедност || полнење на батериите || прашања
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

My Honda+


Загревање на внатрешноста

Со далечинската контрола на клима уредот, однапред одредете ја температурата во автомобилот. Значи, ако надвор е студено можете да ѝ кажете на Honda e да се загрее 30 минути пред да излезете од дома. На тој начин секогаш ќе имате топло добредојде.

Ново ниво на безбедност

Проверете ја состојбата на возилото преку апликацијата и поставете гео-фенсинг периметар што ќе ве предупредува дали вашата Honda e е поместена од назначената област.


  


Еј, каде ми е автомобилот?

Доколку на голем паркинг не можете да се сетите каде точно сте паркирале, вашата Honda e ќе ви го привлече вниманието за да ви помогне лесно да ја пронајдете.

Целосно полнење

Кога ја полните Honda e, можете да го изберете времето што ви одговара. На пример, можете да поставите полнењето да биде во периодите на евтината струја. Ако ви треба дополнување на батериите додека купувате, апликацијата ќе ве извести кога полнењето е завршено или пак го достигнало поставеното ниво на наполнетост. Апликацијата ви обезбедува спокојство во контролата на полнењето на Honda e во секое време.


  


Умен, далечински пристап

Honda дигиталниот клуч ви овозможува да го користите вашиот телефон место клучот за заклучување, отклучување и стартување на автомобилот. Функционира без интернет врска.

Планирајте однапред

Можете да ги испратите дестинациите до системот за навигација на вашата Honda e пред да тргнете на пат. Едноставно, преку апликацијата кажете му на автомобилот каде сакате да одите и тој ќе го подготви патувањето за вас.


  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda e



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda e



Опрема

Запознајте се
со опременоста
на Honda e



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda e



Back to top