Honda e || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || агилност || безбедност || полнење на батериите || прашања
спецификации || опрема || фото || брошура
ЗА ВАША БЕЗБЕДНОСТ
Ублажување на излетување од пат и препознавање на сообраќајни знаци
Камерата поставена на ветробранското стакло детектира ако вашиот автомобил премногу се доближи до рабовите на патот и управувачот автоматски суптилно ќе се корегира за да го задржи вашето возило во лентата на возење. Во одредени услови може да ги активира и сопирачките. Системот за препознавање сообраќајни знаци ги препознава сообраќајните знаци и ве информира за нив преку визуелен приказ.
ВОЗЕТЕ БЕЗБЕДНО
Задржување во коловозната лента и ублажување на последиците од судир
За помалку стресно возење, особено на автопат, системот за задржување во коловозната лента ја намалува потребата за корекции со управувачот. Доколку постои можност за судир со друго возило, пешак или велосипедист, системот ќе ве предупреди истовремено намалувајќи ја брзината на возилото, помагајќи да се минимизира сериозноста на последиците.
ПАТУВАЈТЕ СО ДОВЕРБА
Интелигентен адаптивен темпомат со функција за следење
Овој систем одржува одредена брзина на возење и безбедно растојание од возилото пред вашето. Доколку возило во соседна лента има намера да ви го пресече патот, вашата Honda го предвидува ова и автоматски ја прилагодува брзината – продолжувајќи со поставената брзина кога опасноста ќе помине. Функцијата за следење при мали брзини детектира кога возилото напред ќе започне да запира и автоматски ќе го забави и запре вашето возило без да ги притиснете сопирачките. Потоа едноставно притиснете на копчето на управувачот за да продолжите со возење.
ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА БЕЗБЕДНОСТ
Предупредување за возило што наидува и возило во мртвите агли
Радарските сензори на системот за предупредување за возило што наидува се наоѓаат на задните агли на вашата Honda и при возење наназад ве предупредат ако некое возило се приближува. Системот за предупредување за возило во мртвите агли користи радарска технологија која ги детектира возилата што не можете да ги видите и ве предупредува за нив преку симбол кој се прикажува на екраните од камера-ретровизорите (достапно само кај Honda e Advance).
Фото-галерија
Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda e
Спецификации
Погледнете ги
спецификациите
на Honda e
Опрема
Запознајте се
со опременоста
на Honda e
Брошура
Симнете ја
најновата брошура
за Honda e