e дизајн

Honda e || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || агилност || безбедност || полнење на батериите || прашања
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

ДИЗАЈНИРАЊЕ НА ИДНИНА

Ја создадовме Honda e преиспитувајќи сè: овој уникатен автомобил е крајниот резултат на тоа. Забавна за возење, безбедна и привлечна за око, Honda e е начинот на кој денес возиме кон иднината.

ТЕЧНИ, ЧИСТИ ЛИНИИ


Рачки на вратите кои се извлекуваат со дискретен допир

Меѓу исклучителните стилски елементи кои го нагласуваат чистиот ненарушен профил на Honda e се и рачките на вратите. Тие се вовлечени во каросеријата и се извлекуваат кога е потребно.

Странични камера-ретровизори

Страничните конвенционални ретровизори на вратите се заменети со компактни камери кои својата слика ја испраќаат на два 6-инчни екрани внатре во возилото. Сместени на двата краја од внатрешноста, овие екрани обезбедуваат природно чувство при гледањето наназад. Видливоста е подобрена и со можноста за нормален и широк приказ на погледот, што дополнително го проширува видното поле и ги намалува мртвите агли.


СВЕТЛА ДИЗАЈНИРАНИ СО ДУША

Slide Slide Предни светла
Видете и бидете видени. Патот го осветлуваат истакнатите ЛЕД светла налик на очи. Отклучете го автомобилот. Предните светла оддаваат впечаток дека ви посакуваат пријатно добредојде. Во текот на денот, дневните светла ве прават видливи додека се провлекувате низ градските улици. Со своите светли, совршени кругови, тие го изразуваат персоналитетот на автомобилот со неговиот дизајн фокусиран на човекот.
Задни светла
Возењето низ град типично е со многу запирања и тргнувања. Светлите, совршено заоблени ЛЕД задни светла на Honda e се јасно видливи и придонесуваат за безбедноста. Модерниот дизајн на стоп-светлата е со истакната ретро-доза.

ДВЕ ГОЛЕМИНИ НА ТРКАЛАТА

Honda e доаѓа со алуминиумски тркала од 16 инчи, додека Honda e Advance нуди избор меѓу тркала од 16 и 17 инчи. Поголемите имаат специјално дизајнирани капаци за да ги заштитат сопирачките од прашина. Релативно долгото меѓуоскино растојание, широките траги на тркалата и кратките превиси ги подобруваат исклучителната урбана подвижност и динамичните возни својства.


16″

17″


ДОДАТОЦИ

Honda e може да се персонализира со оригинални Honda додатоци. Опциите вклучуваат надворешни или внатрешни пакети и одделни ставки за да ги потенцирате карактеристиките на автомобилот.

  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda e



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda e



Опрема

Запознајте се
со опременоста
на Honda e



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda e



Back to top