e прашања

Honda e || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || агилност || безбедност || полнење на батериите || прашања
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО НОВАТА ЕРА

Иднината што ја очекуваме е возбудлива, но ќе има многу прашања. Се надеваме дека тука ќе најдете некои од одговорите.



НОВАТА HONDA E
ПРИСТИГНУВА



Информирајте се што сé ќе понуди.







Дали електричните автомобили се добри за животната средина?

Можат ли да се рециклираат батериите на електричните возила?

Батериите што ги напојуваат електричните (и хибридните) возила можат да се рециклираат. Овие батерии кои се со помала тежина и овозможуваат подолга автономија се литиум-јонски, исто како и батериите на лаптопите и мобилните телефони.

Дали електричните автомобили испуштаат штетни емисии?

Електричните автомобили немаат издувни гасови ниту издувна цевка и не испуштаат ништо во атмосферата, заради што се класифицираат како возила со нулти емисии, што секако е корисно за урбана средина каде локалното загадување на воздухот е вистински проблем.



 





 



Кои се придобивките од поседувањето електричен автомобил?

Дали електричните автомобили се поекономични?

Врз основа на трошоците за поминат километар, целосно електричните автомобили може да ве чинат многу помалку отколку автомобилите со бензински или дизел мотор. Исто така, често за нив се нудат значителни субвенции и даночни олеснувања за да се стимулира нивното купување.

Дали со електричните автомобили се плаќа патарина?

Во некои земји е вообичаено електричните автомобили да не плаќаат патарина или паркинг. Тоа сепак зависи од одлуките на централните и локалните власти, кај кои треба да се информирате за бенефициите што ве следуваат.

Дали на електричните автомобили им е потребно масло?

Не, електричните автомобили немаат потреба од подмачкување. Тоа значи и дека не им требаат редовни сервиси за промена на маслото и филтрите, што понекогаш може да биде и скапо. Заради тоа генерално тие се поевтини за одржување.

Дали електричните автомобили имаат потреба од сервисирање?

Да, електричните автомобили имаат потреба од сервисирање. Обично, еден целосно електричен автомобил како главни компоненти ги има само електромоторот, вградениот полнач, батериите и инверторот. Тоа е една од главните причини зошто трошоците за сервисирање на електричните автомобили се помали во споредба со возилата со конвенционалните бензински или дизел мотори. Електромоторите се покажаа многу издржливи и бараат многу помалку внимание.

Дали електричните возила треба да се регистрираат?

И за електричните возила како и за сите други, потребна е регистрација за да се проверат останатите нивни системи, како што се сопирачките, ослонувањето, светлата, системот за управување и друго.









Како е да се вози електричен автомобил?

Како всушност работат електричните автомобили?

Едноставно – електричните автомобили немаат менувач, погонот е директен до тркалата. Само притиснете ја педалата за гас и електромоторот моментално ја испорачува својата моќност – чисто, ефикасно, со убедливи перформанси и нула емисии.

Дали електричните автомобили се со мануелен или автоматски менувач?

Ни едното, ни другото – ним не им е потребна повеќестепена трансмисија бидејќи за разлика од моторите со внатрешно согорување електромоторите имаат многу поширок корисен работен опсег. За нив е потребен само едноставен систем за трансмисија со фиксен преносен однос, што го прави возењето со нив слично како кај автомобилите со автоматски менувач. Не е потребна ниту спојка, бидејќи електромотор го испорачува својот вртежен момент веќе од нула вртежи.

Колку може да се помине со електричен автомобил?

Зависи од капацитетот на батериите, чии перформанси постојано се подобруваат со развојот на технологиите. Денес целосно електричните автомобили лесно можат да поминат до 200 километри пред да треба да се наполнат нивните батерии, а некои од новите и поскапи модели и до 500 километри.



 





 



Како се полнат електричните автомобили?

Може ли електричните автомобили да се полнат дома?

Ќе треба да инсталирате приклучок за полнење, а потоа да ги испланирате патувањата за да можете да ги полните батериите кога е потребно. Секогаш кога вашиот електричен автомобил ќе ви каже дека батеријата е при крај, само го приклучувате на електричната мрежа – едноставно како да вклучувате било каков домашен електричен апарат.

Дали полнењето на електричен автомобил е бесплатно?

Некаде да, но не секаде и секогаш. Полнењето на батериите дома што ќе ви овозможи да поминете преку 200 километри, ако тоа го правите ноќе, на евтината тарифа, според моменталните цени на струјата во Македонија ќе ве чини околу 100 денари. Полнењето пак на јавните полначи зависи од многу фактори, но често може да биде и бесплатно. За тоа ќе треба дополнително да се информирате кај операторот на полначите.

Дали сите електрични полначи се исти?

Не – постојат два вида едноставно именувани како тип 1 и тип 2, но сепак има универзално решение што ќе одговара. Повеќето од сегашната генерација на електрични автомобили користат стандард означен како Ј1772 за 110 V и 240 V полнење, на кој се базирани јавните полначи.

Како да монтирам полнач дома?

Полначите за домашна употреба се компактни, отпорни на временските услови и лесни за монтажа – потребни се само два до три часа за тоа. Но, не потпаѓајте под искушение да го ангажирате вашиот електричар – побарајте стручна служба за која сте сигурни дека е обучена и овластена за таа работа. Ваквиот избор ќе обезбеди вашиот домашен полнач да ги задоволува највисоките безбедносни стандарди.

Колку време е потребно за полнење на батериите на електричен автомобил?

Времето за полнење на батериите на електричен автомобил може да трае само 30 минути, но и повеќе од 24 часа и во целост зависи од капацитетот на батериите и користениот полнач.

Што ќе се случи со електричниот автомобил ако се испразнат батериите?

Слично како и автомобил со бензински или дизел мотор, ќе застане. Сопствениците на електричните автомобили имаат тенденција да бидат потсвесно неспокојни за нивната автономија. Сепак, самиот факт дека вашиот електричен автомобил веројатно може да помине 200 километри помеѓу полнењата треба да биде доволен за да се ублажат ваквите стравови. Плус на тоа, електричните автомобили имаат мерач како возилата со конвенционални мотори и ви укажуваат на повеќе начини – со звучни и визуелни предупредувања – дека преостанало малку струја.
Ако пак навистина останете без струја и вашиот автомобил застане среде патување, за разлика од горивото кое може да се донесе од бензинска пумпа, вам ви преостанува само да го транспортирате или влечете електричниот автомобил до најблиската станица за полнење.







Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda e



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda e



Опрема

Запознајте се
со опременоста
на Honda e



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda e



Back to top