HR-V Hybrid перформанси

Honda HR-V Hybrid || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ЈА ХИБРИДНАТА МОЌ

Инспириран од технологијата од формула 1, интелигентниот e:HEV хибриден погон на новиот HR-V Hybrid автоматски избира меѓу трите режими на возење:

Електричен – работи само електромоторот кој обезбедува моментално забрзување при тргнувања, а бензинскиот мотор е исклучен
Хибриден – бензинскиот мотор го задвижува генераторот кој произведува струја, а возилото го движи електротомоторот со високо ефикасни перформанси
Бензински – се користи при поголеми брзини кога бензински мотор го движи возилото и воедно ги дополнува батериите со струја за идна употреба

  

  





Хибридниот погон на HR-V Hybrid секогаш е подготвен да одговори на вашите барања, без разлика дали сте во град или на автопат. Mожете да изберете меѓу три различни перформансни режими на работа:
– Sport за динамично возење
– Normal за релаксирани патувања
– Econ за поголема економичност



Системот за регенеративно сопирање ги полни батериите во возење, така што Honda HR-V Hybrid не се приклучува на електрична мрежа за полнење. За поголема контрола во возењето, нивото на забавување на регенеративното сопирање може да се прилагодува преку копчињата на управувачот.

  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda HR-V Hybrid



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda HR-V Hybrid



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda HR-V Hybrid




Back to top