HR-V Hybrid безбедност

Honda HR-V Hybrid || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

БЕЗБЕДНОСТА ДОАЃА КАКО СТАНДАРД

Honda SENSING технологијата ги детектира сообраќајните знаци и условите за возење, спречувајќи секакви потенцијални опасности со функциите за задржување во коловозната лента, ублажување на последиците од судир, интелигентниот адаптивен темпомат и друго.





Сето тоа е затоа што сакаме на вас и вашите патници да ви биде удобно и да уживате во патувањето чувствувајќи се безбедни.



  

Сите овие функции на Honda SENSING системот се стандардни:

● Ублажување на последиците од судир
Предупредува истовремено намалувајќи ја брзината, помагајќи да се спречи или да се минимизираат последиците од судир со друго возило, пешак или велосипедист.

● Контрола на сопирањето при мали брзини
Детектира потенцијална опасност од судир при нормално возење или при преголеми забрзувања.

● Контрола на возењето при мали брзини
Препознава пречки пред возилото и испраќа звучни и визуелни предупредувања кога тоа стои или се движи со помалку од 10 km/h ако педалата за гас е притисната повеќе од што треба.

● Контрола на возењето наназад при мали брзини
Препознава пречки зад возилото и испраќа звучни и визуелни предупредувања кога тоа стои или се движи со помалку од 10 km/h ако педалата за гас е притисната повеќе од што треба.

● Ублажување на излетување од пат
Подобрен систем за предупредување кој го следи движењето на возилото и детектира кога тоа има тенденција да премине преку ознаките на патот и банкините.

● Препознавање сообраќајни знаци
Информира за сообраќајните знаци, како што се моменталното ограничување на брзината и забраната за престигнување.

● Интелигентен ограничувач на брзина
Автоматски ја поставува брзината на движење според ограничувањето детектирано од системот за препознавање сообраќајни знаци.

● Адаптивен темпомат со функција за следење
Одржува константна брзина и безбедно растојание од возилото кое вози пред вашето, по потреба забавувајќи и автоматски запирајќи.

● Задржување во коловозната лента
Ја намалува потребата од корекции со управувачот за задржување на возилото во коловозната лента и го предупредува возачот на можно занесување.

● Автоматски долги светла
Препознава различни извори на светлина и автоматски ги префрлува светлата меѓу средни и долги при ноќно возење.

  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda HR-V Hybrid



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda HR-V Hybrid



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda HR-V Hybrid




Back to top