Jazz внатрешност

Honda Jazz || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ ДОБРО

Honda Jazz во својата пространа кабина ви нуди целосен комфор благодарение на импресивниот простор за нозете и ергономските предни седишта со нивната нова конструкција против замор, што го прави секое патување задоволство.

Slide Slide Панорамски поглед
Благодарение на панорамското ветробранско стакло ќе уживате во исклучителната видливост од возачкото седиште. Потенки, но неизмерно силни, предните столбови дополнително ја зголемуваат прегледноста и обезбедуваат попријатно чувство во возењето.
Елегантна контролна табла
Пространата внатрешност е нагласена со елегантната и модерна контролна табла. Ергономски дизајнираните контроли, меките на допир материјали и прегледните екрани овозможуваат основните информации да бидат лесно воочливи.

Slide Slide Предни седишта против замор
Направени да бидат удобни и да го поддржуваат телото, предните седишта можат да се пофалат со своите својства против замор кои обезбедуваат комфор на ниво на лимузина. Внимателно изведените елементи како широкиот централен потпирач за рацете со простор за складирање и дополнителните УСБ конектори назад обезбедуваат секој да може да ужива во патувањето.
Поголем комфор
Преработените задни магични седишта имаат подебели површини за да обезбедат попријатно чувство и поголем комфор. Умно одбраните нови ткаенини овозможуваат вашиот Jazz не само да изгледа привлечно, туку и во него секогаш да се чувствувате одлично.

МАГИЧНИ СЕДИШТА ЗА МАГИЧНИ МОМЕНТИ ОД ВАШИОТ ЖИВОТ

Како и да го живеете вашиот живот, новите Jazz и Jazz Crosstar ќе се вклопат во него. Нивните магични задни седишта им даваат разновидност – може да се подигнат со што се обезбедува простор во височина, или пак со едно лесно движење да се спуштат во рамниот под. Поделеноста во сооднос 60:40 овозможува уште поголема флексибилност. Кај Jazz Crosstar тапацирот е отпорен на вода и може да ги издржи сите предизвици од вашиот активен животен стил.

АКО ВИ ТРЕБА ПРОСТОР ЗА ТОВАР

При развивањето на новиот Jazz инженерите тесно соработуваа со дизајнерскиот тим за да обезбедат автомобилот да го задржи водечкото ниво на пространост во класата – белег на претходните негови генерации. Капацитетот на багажникот (со сите седишта во функција) е 298 литри, кои се зголемуваат до импресивните 1.205 литри со соборување на задните седишта.

МНОШТВО ПРАКТИЧНОСТИ


Централна конзола и голем потпирач за раце

Држачи за телефони за патниците на задните седишта


Android Auto & Apple CarPlay

Сеопфатниот пакет на прединсталирани апликации може да биде дополнет со едноставното поврзување на паметните телефони со помош на Android Auto и Apple CarPlay конективноста, што за прв пат е достапно кај Jazz.



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda Jazz



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda Jazz



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda Jazz




Back to top