Jazz безбедност

Honda Jazz || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

НАПРЕДНАТА БЕЗБЕДНОСТ КАКО СТАНДАРД

Вградивме најсовремени безбедносни технологии, вклучувајќи го и најновиот Honda SENSING пакет напредни асистенти за помош на возачот како стандардна опрема во новата гама на Jazz за да ве зачуваат вас и вашите сопатници побезбедни во возењето.

УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД СУДИР

Доколку постои можност за судир со друго возило пред вас или пак пешак, системот ќе алармира истовремено намалувајќи ја брзината на возилото, помагајќи да се минимизира сериозноста на последиците. Сега го унапредивме системот да ги детектира пешаците и велосипедистите ноќе на места каде нема улично осветлување.

ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕНТАТА НА ДВИЖЕЊЕ

Друга паметна алатка за помалку стресно возење, особено на автопат, е системот за помош при одржување на лентата на движење кој го задржува автомобилот на средина од лентата. Автоматски се деактивира кога ќе вклучите некој од трепкачите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

Ако автомобил тргне да ја напушти коловозната лента без вклучен трепкач, предупредува со светлосни и звучни сигнали и звук за да ви го привлече вниманието да ја корегирате траекторијата на движење.

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ

Ги препознава сообраќајните знаци што можеби не сте ги виделе и ви ги прикажува на дисплејот.

ИНТЕЛИГЕНТЕНТ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА

Интелигентниот ограничувач на брзината автоматски ја контролира брзината на вашето возило според претходно поставената брзина или пак според ограничувањето на брзината означено со сообраќајните знаци. Знае кога тоа се менува и ве известува за тоа.

АДАПТИВЕН ТЕМПОМАТ СО АВТОМАТСКО ЗАПИРАЊЕ НА ВОЗИЛОТО

Адаптивниот темпомат одржува безбедно растојание од возилото пред вас. Ако возило во соседна лента тргне да ви го пресече патот, вашата Honda го предвидува тоа и автоматски ја прилагодува брзината, продолжувајќи со претходно поставената брзина кога опасноста ќе помине. Функцијата за следење при мали брзини детектира кога возилото напред ќе започне да запира и автоматски ќе го забави и запре вашето возило доколку не ги притиснете сопирачките.

АВТОМАТСКИ ДОЛГИ СВЕТЛА

При возење во услови со намалена видливост или ноќе ги препознава возила напред, вклучувајќи ги и возилата што ви доаѓаат во пресрет и автоматски ги вклучува и исклучува долгите светла.

  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda Jazz



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda Jazz



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda Jazz



Ценовник

Симнете го
најновиот ценовник
за Honda Jazz



Back to top