Honda Jazz || дизајн || бои || внатрешност || конективност || перформанси || безбедност
спецификации || опрема || фото || брошура
СЕГА КАКО ХИБРИД
Користејќи го нашето повеќе од 20-годишно искуство во правењето хибридни автомобили, комплетно новата гама на Honda Jazz е развиена од експерти посветени на подобрување на економичноста, намалување на емисиите и зголемување на перформансите во возењето.
ВПЕЧАТЛИВИ ПЕРФОРМАНСИ
Нашата e:HEV технологија овозможува впечатливи перформанси во возењето, притоа обезбедувајќи импресивна економичност и ниски емисии. Направен да реагира глатко и одлучно во сите услови, комплетно новиот Jazz е задоволство да се вози со нашиот најнов директен пренос на погонската сила, кој го засилува чувството на поврзаност помеѓу возачот и автомобилот. Тоа е она што го мислиме кога велиме дека тој е хибрид што може да се почувствува.
НАПРЕДНА E:HEV ХИБРИДНА ТЕХНОЛОГИЈА
Хибридниот e:HEV погонски систем обезбедува високата ефикасност и секогаш пријатно возачко искуство. Неговите компактни и моќни електрични мотори се комбинирани со i-MMD (intelligent-Multi Mode Drive – интелигентен погонски систем со повеќе режими на работа) бензинскиот мотор од 1,5 литри, литиум-јонски батерии и силна трансмисија со фиксен преносен однос. Паметната контролна единица обезбедува хармонија меѓу неговите компоненти за да овозможи енергичен одговор.
Вкупната моќност од 109 KS овозможува агилно движење со леснотија без разлика дали се провлекува низ градските гужви или крстосува на долги растојанија по автопати. Неговиот ефикасен карактер овозможува комбинирани емисии на CO₂ од 102-110 g/km и потрошувачка на гориво од 4,5-4,8 l/100 km (според WLTP нормите).
ТРИ РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ
Со цел да се подобрат и вашето возачко искуство и ефикасноста на автомобилот, напредната e:HEV хибридна технологија автоматски и беспрекорно ја избира најсоодветната опција од трите режими на возење:
Electric Drive
Во електричниот Electric Drive режим возилото се движи глатко и тивко само на струја. Овој режим обично се користи при тргнување или за време на сталожено возење при ниски брзини.
Hybrid Drive
Во хибридниот Hybrid Drive режим бензинскиот мотор и електромоторот работат заедно обезбедувајќи оптимална економичност и моќност која се користи при забрзување или престигнување.
Engine Drive
Engine Drive бензинскиот режим се користи при возење со постојана и повисока брзина кога бензинскиот мотор најефикасно го движи автомобилот.
Фото-галерија
Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda Jazz
Спецификации
Погледнете ги
спецификациите
на Honda Jazz
Брошура
Симнете ја
најновата брошура
за Honda Jazz