CR-V Hybrid перформанси и безбедност

Honda CR-V Hybrid || дизајн и внатрешност || бои || перформанси и безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

Slide Дваесетгодишното искуство во развојот на хибридите придонесе за создавањето на потполно новиот CR-V Hybrid. Со интелигентниот хибриден погонски склоп, овој целосно нов CR-V не само што добро изгледа, туку донесува и навистина пријатно возење. ВО ПОТРАГА ПО ИЗВОНРЕДНОСТА

  



ДИРЕКТНА ВРСКА

CR-V Hybrid го бира оптималниот начин на работа за секогаш да понуди најефикасно возење.
Овој хибрид има 2,0 литарски бензински мотор со Аткинсон циклус на работа и два електрични мотора од кои едниот е погонски, а другиот генератор, што му овозможуваат три режими на возење – со моторот со внатрешно согорување, со електромоторот или хибриден. Наместо да користи конвенционален пренос, CR-V Hybrid има трансмисија со еден фиксен преносен однос што на возачот му обезбедува беспрекорен проток на силината и чувство на доверба – тоа е хибрид што го чувствувате.




  




ТОЈ САМ ГИ БИРА НАЈДОБРИТЕ РЕШЕНИЈА

Интелигентниот Multi-Mode Drive повеќережимски погон секогаш остварува високи перформанси и ефикасност.

i-MMD технологијата обезбедува автомобилот секогаш да ја користи енергијата на најефикасен начин. Тоа значи дека CR-V Hybrid постојано и непречено бира меѓу трите режима на погон: електричниот, хибридниот или со бензинскиот мотор. Кога ќе се вклучи електричниот режим на погон автомобилот емитува тивко звучно предупредување. Во одредени услови на возење, доколку сакате, можете рачно да го продолжите периодот на работа во електричниот режим така што ќе го притиснете EV Mode копчето кое се наоѓа на средишната конзола. Доколку тежнеете кон посилно динамичко чувство, Sport Mode ќе ви пружи изразено доживување на возењето.



Дволитарскиот бензински мотор со Аткинсон циклус на работа е во спрега со два електрични мотора од кои едниот е погонски а другиот генератор – со склопот управува интелигентниот i-MMD Multi-Mode Drive систем.


  

ЕФИКАСНОСТ НА ПОГОНОТ СО ТРИ РЕЖИМИ НА РАБОТА

CR-V незабележително одбира кој режим на возење најмногу одговара.

Slide Background CR-V во електричен погон
Во овој начин работи со 100% тивка електрична енергија - на пример при моментален одзив на возилото при тргнување после стоење на семафор.
Slide Background CR-V во хибриден погон
Хибридниот погон е начин на работа во кој бензинскиот мотор и електромоторот ја комбинираат работата за оптимална сила и економичност, пример при забрзување во движење.
Slide Background CR-V во бензински погон
Погонот со користење само на бензинскиот мотор се случува во тек на возење при поголеми брзини кога бензинскиот мотор го задвижува автомобилот.

  




Начинот на возење се бира преку копчињата за пренос на конзолата.

ЕДНОСТАВНОСТ НА ВОЗЕЊЕТО

Уживајте во возењето додека Honda CR-V за вас го бира најдинамичниот и најефикасниот начин да ве однесе до саканато одредиште.

Тоа е иновативен систем кој на бензинскиот агрегат му овозможува работа во оптимален опсег на силина колку што е можно почесто. Во комбинација со ECON режимот на работа, резултатот е исклучително штедливо возење.



Во одредени моменти CR-V ќе ги користи двата агрегати и бензинскиот мотор исто така за да постигне најдобри перформанси – тројно засилување – со одржување на најефикасното возење.


  



HONDA БЕЗБЕДНОСНИ СТАНДАРДИ

Honda SENSING е еден од најнапредните пакети на безбедносни системи, кој само кај Honda е вклучен во сите пакети на опрема. Направен е да ви пружи вам и на вашите патници максимална безбедност во возењето.







Систем за ублажување на последиците од судир
При појава на опасност од судир со возило или пешак пред вас, овој системот ве предупредува на настанатата опасност и започнува со забавување за да ја редуцира силата на судирот.

Систем за предупредување за напуштање на лентата на движење
Овој систем ве предупредува со звучни и визуелни сигнали при ненамерно преминување преку левата или десната линија на лентата на движење без вклучен трепкач.

Систем за ублажување на излетување од пат
Камерата сместена зад ветробранското стакло го следи вашето возење и препознава можност за излетување. Системот притоа го користи електричниот серво управувач за да ја корегира насоката на возилото и да го задржи на патот. Во поединечни случаи системот може и самостојно да го забави возилото.

Систем за задржување во коловозната лента
Овој систем ви помага да го задржите возилото на средината на лентата на возење овозможувајќи ви така помалку стресно возење на автопат без потреба за постојани корекции со управувачот.

Систем за препознавање на сообраќајни знаци
Системот ги чита сообраќајните знаци и ги прикажува на мултиинформативниот екран. Истовремено може да прикаже до два сообраќајни знака.

Интелигентен ограничувач на брзината
Ги комбинира сите предности на класичниот ограничувач на брзината и системот за препознавање на сообраќајни знаци и автоматски ја поставува максималната брзина во согласност со ограничувањата.

Интелигентен адаптивен темпомат
Овој систем константно го следи сообраќајот пред и покрај возилото и ја прилагодува брзина на вашиот CR-V на моменталната ситуација. Ви овозможува да одржувате константна оддалеченост од возило напред без ваша интервенција.


  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda CR-V Hybrid



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda CR-V Hybrid



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda CR-V Hybrid



Ценовник

Симнете го
најновиот ценовник
за Honda CR-V Hybrid



Back to top