CR-V Hybrid дизајн и внатрешност

Honda CR-V Hybrid || дизајн и внатрешност || бои || перформанси и безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

Slide Honda CR-V Hybrid е аеродинамично обликуван, исклучително префинет и модерен SUV. ФЛУИДНИ ЛИНИИ, ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

  




По целата површина на кабината се протегаат убаво прошиени материјали меки на допир.

ВНАТРЕШЕН ПРОСТОР

Кога ќе ја отворите вратата, ќе ве дочека чист луксуз.

Кога ќе влезете, ќе ги доживеете единствениот луксузен простор и удобноста. Сé што сакате да направите е тивко да уживате во возењето.
Контроли на дофат на раката. Сé што ви треба е блиску.
За да се избегнат ситуациите во кои подесувањата и работата со системите го свртува погледот и концентрацијата од патот, на сите функции може да се пристапи со помош на копчињата на управувачот.



TFT екранот во боја ги покажува основните информации на возачот точно во неговиот видокруг.


  

ТРИ НАЧИНИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ЦЕНТРАЛНАТА КОНЗОЛА

Практичната централна конзола има три различни можности за користење, а целосно отворена нуди простор за сместување на таблет или помал преносен компјутер.

Slide Background Кога ќе се постави напред, преградата за телефон го покрива главниот простор за дополнителна сигурност. Slide Background Во задната положба преградата ги чува помалите предмети одвоено, овозможувајќи пристап на поголемиот дел кој се наоѓа под неа. Slide Background Има доволно место и за поголеми предмети.

  




ЕДИНСТВЕН ИЗГЛЕД

Возењето на хибрид никогаш не се чувствувало, а ни изгледало вака добро.

Honda CR-V од петтата генерација има препознатлив облик, елеганција и практичност. Дизајнот вклучува контрола на протокот на воздух под телото, што ги подобрува ефикасноста, минимизира отпорот и намалува нивото на бучава во каросеријата. Honda CR-V Hybrid освен практичноста нуди и преубав изглед каде и да се појави.
Врата од багажникот
Задната врата може да се програмира за запирање на посакуваната височина. Идеално ако во брзање треба на паркинг или во гаража со низок таван да го отворите багажникот.



Багажникот можете го отворите и кога рацете ви се полни, со едноставно мавтање со ногата под задниот браник.


  

ПОГЛЕД ОДБЛИЗУ

Овој остар, спортски SUV е привлечен од сите агли, одвнатре и однадвор.

Slide Background Поглед од страна
Мускулестите крила - со спортските алуминиумски тркала - дополнително го нагласуваат цврстиот став на Honda CR-V Hybrid.
Slide Background Поглед од напред
Системот на активната решетка ја подобрува аеродинамичноста и придонесува за вкупната тишина и уживањето во хибридното возење.
Slide Background Поглед од назад
Спојлерот на вратата на багажникот ја минимизира турбуленцијата на воздухот и го намалува аеродинамичниот отпор.
Slide Background Поширок поглед
Чистите линии создаваат впечаток на пространост кој е дополнително нагласен со користењето на најквалитетни материјали и исклучителната завршна обработка.
Slide Background Повеќе простор
Иновативните задни седишта се склопуваат со само еден потег на раката ставајќи на располагање голем простор од 1.600 литри за превоз на гломазни предмети на наједноставен можен начин. Неверојатно е што сé може да собере во CR-V.

  




Сé што ви треба е на дофат на раката на 7-инчниот екран.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ

Honda CONNECT е систем за информирање и забава кој ви ги нуди нештата што ги сакате, како вашите омилени песни и пријатели, на дофат на раката.

Користејќи блутут или USB, едноставно е да се пристапи до информациите или музиката на вашиот телефон. Системот овозможува пренос на податоците и функциите од вашиот телефон со помош на Apple CarPlay или Android Auto апликациите на 7-инчниот екран чувствителен на допир за телефонирањето и примањето и испраќање пораки да бидат што полесни.
Повеќе поврзаност
Претходно инсталираниот и со интернет поврзан AHA аудио систем ви овозможува да бидете поврзани со своите омилени интернет радио станици.

Секогаш знаете каде сте и по кој пат одите со Garmin системот за навигација.



Само летимичен поглед е доволен да пристапите на бараните функции.


  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda CR-V



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda CR-V Hybrid



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda CR-V Hybrid



Ценовник

Симнете го
најновиот ценовник
за Honda CR-V Hybrid



Back to top