Honda CR-V || дизајн и внатрешност || бои || перформанси и безбедност
спецификации || опрема || фото || брошура || ценовник
CR-V е најсовремен и најнапреден SUV што Honda го има направено.
Со својата исклучителна софистицираност го подигнува искуството во возењето на сосема ново ниво.
Фото-галерија
Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda CR-V
Спецификации
Погледнете ги
спецификациите
на Honda CR-V
Брошура
Симнете ја
најновата брошура
за Honda CR-V
Ценовник
Симнете го
најновиот ценовник
за Honda CR-V
Изберете го вашиот
За сечии желби и според сечии потреби.
Elegance
Супериорна опременост со повеќе опции за избор на погонскиот систем.
Lifestyle
Богато опремена верзија направена да пружи задоволство во возењето.
Executive
Најлуксузно опремен топ-модел со најнови и најнапредни технологии.
ИСТРАЖЕТЕ ЈА НЕГОВАТА ПРОСТРАНОСТ
Направен за удобни патувања, каде и да треба
CR-V е дизајниран со флуидно течни линии кои секогаш го привлекуваат вниманието, со импресивно простран и удобен ентериер во кој има доволно место за сите патници. Секое патување ќе ви биде задоволство дури и ако ви треба дополнителен простор за носење на гломазни предмети.
МОЌНОСТА КОЈА ВЕ ДВИЖИ
Динамичен на отворен пат
Перформансите кои ги испорачува напредниот 1.5 VTEC Turbo мотор преку 6-степен мануелен или 7-степен CVT менувач во комбинација со прилагоденото подвозје прават да ве очекува возачко искуство кое ќе ве исполни со својата агилност. CR-V ќе ве однесе до вашата дестинација со апсолутна финост и удобност.
БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО
Honda CR-V е освојувач на максимална оценка од 5 ѕвездички на тестовите за безбедност на Euro NCAP.
Нашата посветеност на безбедноста е во центарот на сé што правиме. Безбедноста на автомобилот е исто толку важна како и возбудата што ја чувствувате додека го возите. Иновативната конструкција на CR-V надополнета со Honda Sensing пакетот на активна безбедност и технологии за помош на возачот му ја обезбедуваат најсеопфатната комбинација на безбедносни технологии во својата класа.
МИСЛЕВМЕ И НА ЕКОЛОГИЈАТА
Honda CR-V е достапен со нов, напреден хибриден погонски систем
Проектирајќи го најомилениот SUV во светот, мислевме и на екологијата и го понудивме со интелигентен, високо напреден хибриден погон. Тој овозможува непречено и привлечно искуство во возењето, комбинирајќи ги спортските перформанси со високата економичност и ниските емисии.
НАЈПРОДАВАНИОТ SUV ВО СВЕТОТ
Honda CR-V е најпопуларниот SUV во светот
Податоците за продажбата на автомобили на 54 светски пазари* покажуваат дека CR-V ги надмина сите свои ривали од неговото лансирање во 2012 година, станувајќи во овој период најпродаван модел на Honda на глобално ниво.
*Извор: JATO Dynamics (за периодот јануари 2015 – декември 2017)
ДОДАДЕТЕ МУ ЛИЧЕН ПЕЧАТ
Повеќе за вас
Ви стојат на располагање повеќе можности да направите CR-V да ви обезбеди поголемо задоволство во возењето. Изберете меѓу погонот на предните или на сите четири тркала, со мануелен или CVT менувач и богатите пакети на опременост.
CR-V 1.5 2WD Elegance
34.990 евра
(2.162.382 денари)
CR-V 1.5 AWD Elegance
36.990 евра
(2.285.982 денари)
CR-V 1.5 AWD Lifestyle
38.990 евра
(2.409.582 денари)
CR-V 1.5 AWD Executive
41.990 евра
(2.594.982 денари)
Фото-галерија
Разгледајте ја фото-галеријата
на Honda CR-V
Брошура
Симнете ја најновата брошура
за Honda CR-V
Ценовник
Симнете го најновиот ценовник
за Honda CR-V