CR-V дизајн и внатрешност

Honda CR-V || дизајн и внатрешност || бои || перформанси и безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

Slide Неприкосновено простран, Honda CR-V располага со софистициран ентериер кој ја максимизира практичноста за повисока негова флексибилност. Направен е да ве опкружи со чувство на луксуз и удобност за секое патување - долго или кратко - да ви претставува вистинско задоволство. ДИЗАЈНИРАН
ДА ИМПРЕСИОНИРА

  

СТИЛСКИ ДОТЕРАН

Со својот препознатлив и атрактивен изглед, CR-V ќе ја истакне вашата личност.

Спортски изглед Спортски изглед
Мускулестите крила, спортски краткиот заден дел, големото растојание од подлогата и тркалата од лесна легура придонесуваат за атлетскиот изглед на Honda CR-V.
За подобра аеродинамика За подобра аеродинамика
Активниот систем за затворање на решетката од маската ги подобрува аеродинамичните својства и придонесува за намалување на бучавата во кабината.
Пристап без раце Пристап без раце
Отворањето на багажникот никогаш не било полесно - потребно е само едно мавтање со ногата под задниот браник и тој се отвора. Височината до која се отвора вратата од багажникот може да се програмира, што е доста корисно за гаражи со низок таван.

  




Со отворање на стаклениот покрив природата ви доаѓа на дофат.

ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ ДОБРО

Внатрешност каква што само можете да посакате.

Без оглед дали седите во седишта пресвлечени со кожа или текстил, ќе почувствувате дека тие се сигурни и удобни, а сите материјали во внатрешноста се со највисок квалитет.
Стилски детали
Деталите во внатрешноста како облогите на предниот панел и на вратите, рачките или пак отворите за вентилација, се доведени до совршенство.
Централна конзола
Практичната централна конзола може да се користи на три различни начини, а кога е потполно отворена има простор за сместување на таблет или помал лаптоп.
Удобност за сите
Исклучителниот простор за нозете за сите патници е добиен благодарејќи на импресивните надворешни димензии.



Наслонот на задните седишта може да се собори со само еден потег, во сооднос 60:40 зависно од моменталните потреби.


  



КОНТРОЛИ НА ДОФАТ НА РАЦЕТЕ

Сé што ви треба е блиску.






Мултифункционалниот управувач со командите на него овозможува да останете концентрирани на возењето.


TFT екранот во боја ги дава основните информации на возачот точно во неговиот видокруг.
На екранот
Користењето на екранот за информации на возачот е доста едноставно преку копчињата на управувачот или со гласовни команди. На овој начин може да ги видите СМС пораките и електронската пошта, аудио информациите, контактите во меморијата на телефонот, статусот на разни системи на возилото и слично.
Мултифункционален управувач
Командите на управувачот кој може да биде загреван ви овозможуваат вклучување и подесување на аудио системот, темпоматот и друго.


На head-up дисплејот се проектираат важните информации за погледот на возачот постојано да биде насочен кон патот.


  



БИДЕТЕ ПОВРЗАНИ СО HONDA CONNECT СИСТЕМОТ

Инфо-забавниот систем ги обединува сите најзначајни функции во еден уред, едноставен за користење и на дофат на раката.
Сé што ви е потребно е на дофат на раката
Користејќи блутут или USB, едноставно се пристапува до информациите или музиката на вашиот телефон. Системот со 7-инчен екран чувствителен на допир овозможува поврзување преку Apple CarPlay или Android Auto.
И уште…
Инсталираниот и со интернет поврзан AHA аудио систем ви овозможува да бидете поврзани со своите омилени интернет радио станици.

Секогаш знајте каде сте и каде одите со Garmin навигацијата.



Само еден поглед е доволен да пристапите до потребните функции.


  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda CR-V



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda CR-V



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda CR-V



Ценовник

Симнете го
најновиот ценовник
за Honda CR-V



Back to top