CR-V перформанси и безбедност

Honda CR-V || дизајн и внатрешност || бои || перформанси и безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

Slide БЕЗ ЛИМИТИ Перформансите на CR-V доаѓаат од економичниот 1,5 литарски VTEC Turbo мотор кој може да ги задвижува предните или сите четири тркала, во зависност од тоа колку далеку сакате да отидете. Сé што треба да направите е само да тргнете.

  




ЦВРСТ И ДИНАМИЧЕН

Најсофистицираниот CR-V досега.

Направен за удобно возење со значително намалени бучава и вибрации, CR-V едноставно ќе ве привлекува да го возите.

Стабилност и управливост

Полесната и поцврста каросерија, заедно со новото подвозје и Honda Real Time AWD погонот на сите тркала со систем за интелигентна контрола, се гаранција за уживање на сите видови подлога.



Real Time AWD системот постојано ги надгледува условите за возење и пролизгувањето на тркалата и реагира со прилагодување на погонската сила за најдобри перформанси и максимална безбедност.


  

ТУРБО СИЛА Спортски перформанси и извонредна економичност. Штедливиот и моќен VTEC Turbo агрегат со 173 или 193 KS е изработен од лесни легури и со вградени компоненти со намалено триење за подобрување на економичноста.

  



КОНТРОЛА НА СИЛАТА

Agile Handling Assist системот на Honda е посебно програмиран за европските патишта и стилот на возење на европските возачи.






Со постојано надгледување на возењето ви нуди идеална помош при совладувањето на свиоци.

Нежно менување на степените на пренос
Новата CVT автоматска трансмисија нежно ги менува степените на пренос и нуди исклучителни перформанси. Располага и со Early Downshift During Braking систем кој препознава кога се вози на надолница и го активира моторното кочење. Посебна карактеристика на овој систем е што го задржува моторот на високи вртежи при моментални забавувања, со што овозможува силно забрзување доколку е потребно, на пример при престигнување.



Подвозјето на CR-V е оптимално избалансирано за да понуди исклучителни спортски возни карактеристики и истовремено високо ниво на комфор.


  




БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО

Нашата мисија е „Безбедност за сите“.

CR-V не нуди само исклучителни перформанси, туку и со својата посебно развиена конструкција во случај на несреќа ја насочува енергијата од сударот настрана од патниците во возилото.

Насочување на силата на сударот

Во случај на фронтален судар, силата ќе го помести агрегатот наназад и надолу, без тој ја навлезе во просторот за патници.




  

ДОПОЛНИТЕЛНИ СЕТИЛА

Со своите системи кои делуваат како ваши дополнителни сетила, CR-V ќе ве предупреди кога се приближувате до други учесници во сообраќајот.

Систем за следење на мртвите агли Систем за следење на мртвите агли
Со радарска технологија, овој систем ги детектира возилата во мртвите агли и со палење на сигнална сијаличка на надворешните ретровизори го предупредува возачот за тоа.
Возило што наидува Возило што наидува
При возење наназад овој систем го надгледува подрачјето околу задните агли и предупредува доколку некое возило наидува.
Камера за возење наназад Камера за возење наназад
Камерата за возење наназад нуди приказ од повеќе агли, зависно од вашите желби и потреби. Сликата автоматски се прикажува на 7-инчниот екран на Honda CONNECT системот при префрлувањето на менувачот во од наназад.

  



ЗГОЛЕМЕНО ЧУВСТВО НА БЕЗБЕДНОСТ

Honda SENSING е пакет напредни технологии направени да се грижат вие и вашите патници да бидете безбедни.







Систем за ублажување на последиците од судир
Доколку постои можност за судир со друго возило или пешак, системот ќе ве предупреди за опасноста истовремено намалувајќи ја брзината на возилото, помагајќи да се минимизира сериозноста на последиците.

Предупредување за напуштање на коловозната лента
Ако автомобилот тргне да ја напушти коловозната лента без вклучен трепкач, системот предупредува со светлосни и звучни сигнали за да ви го привлече вниманието и да ја корегирате траекторијата на движење.

Систем за ублажување на излетување од пат
Камерата ги детектира рабовите на патот, па ако вашиот автомобил премногу се доближи до нив, системот ќе предупреди и управувачот автоматски суптилно ќе се корегира за да го задржи вашето возило во лентата на возење. Во одредени услови, може да ги активира и сопирачките.

Систем за задржување во коловозната лента
Овозможува помалку стресно возење, особено на автопат, со тоа што го одржува автомобилот на средина на коловозната лента со помалку напор за возење и намалување на потребата од постојани корекции со управувачот.

Систем за препознавање сообраќајни знаци
Системот ги препознава сообраќајните знаци и ве информира за нив преку визуелен приказ. Можат да бидат прикажани два сообраќајни знака истовремено.

Интелигентен ограничувач на брзината
Интелигентно комбинирајќи ги функционирањето на прилагодливиот ограничувач на брзината со системот за препознавање сообраќајни знаци, автоматски ја поставува брзината на вашето возило според ограничувањето на брзината означено со сообраќаен знак.

Интелигентен адаптивен темпомат
Детектира кога возило во соседна лента има намера да ви го пресече патот и автоматски ја прилагодува брзината на вашиот CR-V. Исто така го одржува растојание од возилото напред без потреба рачно да ги менувате степените на пренос.

Адаптивен темпомат со функција за следење
Адаптивниот темпомат ги одржува брзината и безбедното растојание од возилото пред вашето. Функцијата за следење при мали брзини детектира кога возилото напред ќе започне да запира и автоматски ќе го забави и запре вашето возило без да ги активирате сопирачките. За да тргнете после тоа, треба само да ја притиснете педалата за гас.

  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda CR-V



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda CR-V



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda CR-V



Ценовник

Симнете го
најновиот ценовник
за Honda CR-V



Back to top