Civic 5DR перформанси и безбедност до 04-2021

Honda Civic 5DR || дизајн и внатрешност || бои || перформанси и безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

Slide ВОЗИ КАКО ШТО ИЗГЛЕДА Honda Civic има полесно и поцврсто подвозје за возбудливо возење. Подготвени?

  



БУДИ ЖЕЛБА ЗА ВОЗЕЊЕ

Ефикасните мотори и лесната шасија ви овозможуваат максимална контрола.






Civic со 5 врати има перформанси кои одговараат на неговиот спортски изглед. Можете да изберете меѓу двата рафинирани бензински мотори – моќниот 1.5 VTEC Turbo со 182 KS и ефикасниот 1.0 VTEC Turbo со 126 KS. Што и да изберете, ве чека возбудливо возење.

Во потрага по возбудата
Civic со 5 врати ќе ви пружи возачко искуство какво што посакувате. Мануелниот менувач со 6 степени ќе ви овозможи спортска динамичност во возењето.

Со ECON режимот на возење се нагласува ефикасноста на турбо моторите.



Ниската и аеродинамична силуета во комбинација со турбо моторите и прецизната управливост на Civic му даваат атлетски став.

Така лесно
CVT менувачот со 7 степени овозможува порелаксирано возење, но ако силното забрзување и расположението ве понесат користете ги рачките зад управувачот за да како кај тркачките автомобили го смените степенот на пренос.


  

ШТО ПОВЕЌЕ САКАТЕ?

Изберете од двата мотора и двата типа трансмисија кои повеќе одговараат на вашите желби и потреби.



1.0 VTEC Turbo
6MT


Овој мал но моќен 1.0 VTEC Turbo мотор испорачува 126 KS и 200 Nm вртежен момент. Во комбинација со спортскиот 6-степен мануелен менувач ќе ви овозможи спортска динамичност во возењето токму онаква каква што сакате.

Притоа ќе се грижи за вас и вашата околина со својата економичност и емисијата на CO₂ од ниски 110 g/km.


1.0 VTEC Turbo
CVT


Овој мал но моќен 1.0 VTEC Turbo мотор испорачува 126 KS и 180 Nm вртежен момент. Со 7-степениот CVT менувач ви овозможува порелаксирано возење. Доколку расположението ве понесе, користете ги рачките зад управувачот за да како кај тркачките автомобили го смените степенот на пренос.

Притоа ќе се грижи за вас и вашата околина со својата економичност и емисијата на CO₂ од ниски 106 g/km.


1.5 VTEC Turbo
6MT


Моќниот и рафиниран 1.5 VTEC Turbo мотор испорачува 182 KS и 240 Nm максимален вртежен момент. Комбиниран со 6-степениот мануелен менувач ќе ви овозможи спортска динамичност во возењето токму онаква каква што сакате.

Со малата потрошувачка на гориво и емисијата на CO₂ од само 133 g/km тој не ги жртвува својата сила и перформансите за економичноста.


1.5 VTEC Turbo
CVT


Моќниот и рафиниран 1.5 VTEC Turbo мотор испорачува 182 KS и 220 Nm максимален вртежен момент.

Комбиниран со 7-степениот CVT менувач тој ќе ви овозможи порелаксирано возење. Доколку расположението ве понесе, користете ги рачките зад управувачот за да како кај тркачките автомобили го смените степенот на пренос.


  



ЗГОЛЕМЕНО ЧУВСТВО НА БЕЗБЕДНОСТ

Honda SENSING е пакет напредни технологии направени да се грижат вие и вашите патници да бидете безбедни.







Систем за ублажување на последиците од судир
Доколку постои можност за судир со друго возило или пешак, системот ќе ве предупреди за опасноста истовремено намалувајќи ја брзината на возилото, помагајќи да се минимизира сериозноста на последиците.

Предупредување за напуштање на коловозната лента
Ако автомобилот тргне да ја напушти коловозната лента без вклучен трепкач, системот предупредува со светлосни и звучни сигнали за да ви го привлече вниманието и да ја корегирате траекторијата на движење.

Систем за ублажување на излетување од пат
Камерата ги детектира рабовите на патот, па ако вашиот автомобил премногу се доближи до нив, системот ќе предупреди и управувачот автоматски суптилно ќе се корегира за да го задржи вашето возило во лентата на возење. Во одредени услови, може да ги активира и сопирачките.

Систем за задржување во коловозната лента
Овозможува помалку стресно возење, особено на автопат, со тоа што го одржува автомобилот на средина на коловозната лента со помалку напор за возење и намалување на потребата од постојани корекции со управувачот.

Систем за препознавање сообраќајни знаци
Системот ги препознава сообраќајните знаци и ве информира за нив преку визуелен приказ. Можат да бидат прикажани два сообраќајни знака истовремено.

Интелигентен ограничувач на брзината
Интелигентно комбинирајќи ги функционирањето на прилагодливиот ограничувач на брзината со системот за препознавање сообраќајни знаци, автоматски ја поставува брзината на вашето возило според ограничувањето на брзината означено со сообраќаен знак.

Интелигентен адаптивен темпомат
Детектира кога возило во соседна лента има намера да ви го пресече патот и автоматски ја прилагодува брзината на вашиот Civic. Исто така го одржува растојание од возилото напред без потреба рачно да ги менувате степените на пренос.

Адаптивен темпомат со функција за следење
Адаптивниот темпомат ги одржува брзината и безбедното растојание од возилото пред вашето. Функцијата за следење при мали брзини детектира кога возилото напред ќе започне да запира и автоматски ќе го забави и запре вашето возило без да ги активирате сопирачките. За да тргнете после тоа, треба само да ја притиснете педалата за гас.

  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda Civic 5DR



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda Civic 5DR



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda Civic 5DR



Ценовник

Симнете го
најновиот ценовник
за Honda Civic 5DR



Back to top