Honda Civic 5DR || дизајн и внатрешност || бои || перформанси и безбедност
спецификации || опрема || фото || брошура || ценовник
НАПРАВЕН ЗА ДА СЕ ВОЗИ
Honda Civic ќе привлече внимание насекаде.
Нема дилема дека овој автомобил со своите мазни атлетски линии е направен да ги нагласи своите перформанси. Првото нешто што ќе ве импресионира се браниците и LED светлата кои уште повеќе го истакнуваат нискиот аеродинамичен профил. Лесно е да се сфати зошто секој сантиметар од овој автомобил е дизајниран за уживање во возењето.
Honda Civic 5DR 1.5 Sport Plus
е опремен со спортски 17-инчни тркала од лесна легура.
ИЗВОНРЕДНО СЕСТРАН
Civic со 5 врати е автомобил кој истовремено ја задоволува вашата желба за возење и одговара за секојдневните потреби.
Внатрешните димензии овозможуваат доволно простор за нозете и главите на патниците кој креира пријатна атмосфера за време на престојот во кабината.
Панорамскиот сончев покрив обезбедува дополнителни количини светлост и воздух, внесувајќи повеќе од надворешниот свет внатре.
Со допир на копче на управувачот на екранот со информации можете да ги добиете сите податоци за возењето и да ги видите важните пораки и известувања.
Оваа функција го задржува автомобилот неподвижен без да ја повлечете рачната сопирачка или да ја држите ногата на педалата на сопирачките. Кога ќе дојде време да тргнете треба само да притиснете на педалата за гас.
При возење наназад 7-инчниот екран ви покажува што сé се крие од вашиот поглед зад возилото.
Контролата на климатизацијата прецизно ја одржува температурата во кабината и им овозможува на возачот и совозачот независно да ја подесуваат саканата температура. Значи, што надвор и да се случува, внатре секогаш ќе ви биде угодно.
Со ECON режимот на возење VTEC Turbo моторот ја нагласува својата веќе импресивна ефикасност.
Фото-галерија
Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda Civic 5DR
Спецификации
Погледнете ги
спецификациите
на Honda Civic 5DR
Брошура
Симнете ја
најновата брошура
за Honda Civic 5DR
Ценовник
Симнете го
најновиот ценовник
за Honda Civic 5DR