Civic 4DR перформанси и безбедност

Honda Civic 4DR || дизајн и внатрешност || бои || перформанси и безбедност
спецификации || опрема || фото || видео || брошура || ценовник

Slide Под своите нагласени линии, Civic со 4 врати крие напредни и спортски карактеристики кои ќе ви ја разбрануваат душата. ВНЕСЕТЕ ВОЗБУДА
ВО ВОЗЕЊЕТО
Slide ИЗБЕРЕТЕ Што повеќе сакате? Изберете од двата типа трансмисија која повеќе одговара на вашите желби и потреби.

  



ЧИСТА ЕНЕРГИЈА

Конструиравме турбо погонски агрегат за Civic со 4 врати кој овозможува уживање и задоволство во возењето.

Штеди гориво
Совршен баланс на перформансите и економичноста со избор на ECON режимот на возење со кој 1.5 VTEC Turbo моторот ја нагласува својата ефикасност.




  




Civic со 4 врати и CVT менувач нуди можност за потполно автоматско или рачно менување на степените на пренос со рачките зад управувачот.

БУДИ ЖЕЛБА ЗА ВОЗЕЊЕ

Доколку сакате сé да ви биде под контрола, изберете Civic со 4 врати со 6-степен мануелен менувач. Тој ќе ви овозможи спортска динамичност во возењето токму онаква каква што сакате.

Спортско, но релаксирано возење
Civic со 4 врати доаѓа со автоматски 7-степен CVT менувач за порелаксирано возење, кој ви дозволува и спортско менување на степените на пренос со користење на рачките зад управувачот.



Прецизниот мануелен менувач со 6 степени на пренос овозможува директен и ревносен одговор на 1.5 VTEC Turbo моторот.


  



ЗГОЛЕМЕНО ЧУВСТВО НА БЕЗБЕДНОСТ

Honda SENSING е пакет напредни технологии направени да се грижат вие и вашите патници да бидете безбедни.







Систем за ублажување на последиците од судир
Доколку постои можност за судир со друго возило или пешак, системот ќе ве предупреди за опасноста истовремено намалувајќи ја брзината на возилото, помагајќи да се минимизира сериозноста на последиците.

Предупредување за напуштање на коловозната лента
Ако автомобилот тргне да ја напушти коловозната лента без вклучен трепкач, системот предупредува со светлосни и звучни сигнали за да ви го привлече вниманието и да ја корегирате траекторијата на движење.

Систем за ублажување на излетување од пат
Камерата ги детектира рабовите на патот, па ако вашиот автомобил премногу се доближи до нив, системот ќе предупреди и управувачот автоматски суптилно ќе се корегира за да го задржи вашето возило во лентата на возење. Во одредени услови, може да ги активира и сопирачките.

Систем за задржување во коловозната лента
Овозможува помалку стресно возење, особено на автопат, со тоа што го одржува автомобилот на средина на коловозната лента со помалку напор за возење и намалување на потребата од постојани корекции со управувачот.

Систем за препознавање сообраќајни знаци
Системот ги препознава сообраќајните знаци и ве информира за нив преку визуелен приказ. Можат да бидат прикажани два сообраќајни знака истовремено.

Интелигентен ограничувач на брзината
Интелигентно комбинирајќи ги функционирањето на прилагодливиот ограничувач на брзината со системот за препознавање сообраќајни знаци, автоматски ја поставува брзината на вашето возило според ограничувањето на брзината означено со сообраќаен знак.

Интелигентен адаптивен темпомат
Детектира кога возило во соседна лента има намера да ви го пресече патот и автоматски ја прилагодува брзината на вашиот Civic. Исто така го одржува растојание од возилото напред без потреба рачно да ги менувате степените на пренос.

Адаптивен темпомат со функција за следење
Адаптивниот темпомат ги одржува брзината и безбедното растојание од возилото пред вашето. Функцијата за следење при мали брзини детектира кога возилото напред ќе започне да запира и автоматски ќе го забави и запре вашето возило без да ги активирате сопирачките. За да тргнете после тоа, треба само да ја притиснете педалата за гас.

  



УДОБНО ПОВРЗАНИ

Само седнете во вашиот автомобил и веднаш ќе почувствувате дека сте дел од него.







Наново размисливме за секој аспект на Civic за целосно да ја подобриме неговата рафинираност. Ги искористивме најновите технологии за да го направиме она што веруваме дека е најнапреден и најспортски Civic досега.

Прилагодете го вашиот стил
Ергономската позиција на возење, со новиот систем за управување обезбедуваат одлични повратни информации и контрола. Овој автомобил ќе ви ја открие својата спортска страна секогаш кога ќе го посакате тоа.

Лежење на патот
Ослонувањето е конфигурирано за директно и непосредно управување и се одликува со независна мулти-линк задна оска и мекферсон напред што додава удобност и агилност.




  



Фото-галерија

Разгледајте ја
фото-галеријата
на Honda Civic 4DR



Спецификации

Погледнете ги
спецификациите
на Honda Civic 4DR



Брошура

Симнете ја
најновата брошура
за Honda Civic 4DR



Ценовник

Симнете го
најновиот ценовник
за Honda Civic 4DR



Back to top