Honda Jazz

15,990

Со вклучен ДДВ

Скокнете во иднината

Создавањето на производите нa Honda прво е започнато со еден сон. И ние никогаш не престануваме да сонуваме, да истражуваме или да тестираме, се додека не создадеме уникатен и иновативен производ. Така функционира

Откријте го светот на можностите Возете со насмевка

КРАТОК ПРЕГЛЕД НА JAZZ

ВЛЕЗЕТЕ ВО ХOРИЗОНТИТЕ НА НЕПОЗНАТОТО

Откријте го светот на можностите

Возете со насмевка

Новиот Honda Jazz е полн со изненадувања коишто ќе ги исполнат сите Ваши желби.

Ваш Jazz, Ваш начин

Избор од 5 типови

c4

Добијте ја моќноста

Избор на два преноса

Автомобилот Jazz повторно стапува на сцената со новиот елегентен дизајн, со првокласната пространост и со надградените карактеристики на надворешниот изглед и на внатрешноста.

Направете повеќе место

Ние ја дизајниравме внатрешноста на Jazz за да добиеме поголем простор за Вас и за Вашите сопатници.

Новиот Jazz е дури поголем од порано внатре – а со нашиот оригинален систем на Магични седишта ќе добиете простор да го сместите сиот свој багаж и да го обликувате просторот според Вашите потреби. Со конфигурирање  на 162 различни позиции, внатрешниот простор собира капацитет од 354 до 884 литри во неверојатни 162 различни позиции, со што се добива разновидност и првокласна просторност без конкуренција.

Адаптирајте го просторот во секунда

Магичните седишта се брзи и лесни за преклопување, во многу корисни позиции.

Повеќе простор за главите и за нозете

Дури и кога седиштата се поставени нагоре и кога автомобилот е полн со патници, новиот Jazz успева да понуди поголем простор отколку претходниот модел. Всушност, Jazz нуди најголем капацитет за сместување од сите возила во супермини класата, па дури и од некои салонски автомобили. Неверојатно, нели?

Која боја Ви одговара Вам?

Осум брилијантни бои за избор.

Изберете ја бојата за Вашиот нов џез.

Компактен и комфорен

Автомобилот Jazz можеби е мал според својата форма, но е полн со квалитетни карактеристики во однос на комфорот, застанувајќи рамо до рамо со многу поголеми автомобили.

Седнете зад воланот на новиот Jazz и веднаш ќе се почуствувате како дома. Вашите раце интуитивно ќе се сместат на контролните уреди и ќе забележите дека бројчаниците се разбирливи и читливи и дека сите се направени од правокласен материјал.

Технологија за квалитет – стандардна опција

Автомобилот Jazz е произведен со опции како  што е системот за контрола на брзината, далечински аудио контроли на управувачот, и електронски подесливи ретровизори како стандардна опција. До колку сакате, може да додадете повеќе дополнителни опции- со избор за надградување на пет опции.

Персонализиран почетен екран

Може да го персонализирате Вашиот екран на допир CONNECT 7”  со Вашите омилени слики. Со овој уред имате лесен пристап до именикот на Вашиот мобилен телефон и дури може и да го контролирате преку Вашиот глас. (Достапни со SE и со EX тип).

Bluetooth

Интуитивниот екран на допир Ви дава пристап до сите функции на мобилниот телефон, преку  Bluetooth™. Исто така, ние имаме WiFi, USB и HDMI™ конекции за лесен пристап до интернет и до музика на Вашите патувања (Достапни со SE и со EX).

AHA

Апликацијата AHA Ви дава пристап до радио станиците и до Вашите социјални медиуми со притискање на едно копче. (Достапна со SE и со EX).

Гледано и од преден и од заден аспект, тоа е сосема нов Jazz.

Новиот Jazz има нов, поспортски дизајн.Сите аспекти се претходно добро осмислени при креирањето на перформансите.

За 2015 година, автомобилот Jaz се пласира на пазарот со забележлив нов стил- вклучувајќи нов лик со засилена предна решетка, со заоблени браници и со силни и длабоки линии. Сè на сè, создаден е нов и моќен изглед.

Спортски лик

Шасијата на Jazz, овојпат направена малку поспуштена отколку кај претходниот модел, има подобро тежиште. Конструкцијата е поставена на челични и на алуминиумски тркала што му даваат финиш на спортскиот изглед- токму она што го барате.

Стил со цел

Автомобилот Jazz ја задржува својата класична форма, но поизразениот и погруб дизајн ја подобри шасијата, обезбедувајќи поголем простор за сопатниците на задното седиште. Секој заоблен дел е дефиниран со цел да се подобри ефикасноста на гориво, а и ракувањето со автомобилот.

Дојдете и посетете нè

Ние ќе Ви покажеме и ќе Ви објасниме сè што треба да знаете

Jazz во детали

Автомобилот Jazz е дизајниран според сечиј вкус.

Агилен за градско возење

Jazz е брз, мал супермини автомобил со кој ќе се движите насекаде без да потрошите многу гориво.

Херој на бензинските пумпи

Автомобилот Jazz е првокласен економичен автомобил што троши 61,4 галони по милја, што Ви овозможува да трошите помалку пари при точењето гориво.

Новиот Jazz е опремен со нашиот ефикасен мотор од 1.3 литри i-VTEC – со излезна моќност од импресивни 102PS (коњски сили). Тој е надополнет со  Earth Dreams Технологија, име што го доделивме на нашата најнова генерација на мотори и на преноси што ја зголемуваат изведбата и што истовремено го намалуваат влијанието на надворешните услови врз возилото.

Избор на преносот

Автоматски или рачен? Автомобилот Jazz е направен со можност за избор помеѓу две опции за пренос- новиот шестбрзински рачен пренос и нашиот автоматски менувач со усовршениот Континуиран варијабилен пренос (CVT). И со двете опции можете да уживате во непречено и во безгрижно возење, со помала потрошувачка на гориво.

Изберете го Вашиот стил на возење

Изберете помеѓу опците за рачен и за автоматски пренос – сопред она што најмногу Ви одговара Вам.

Повеќе километри за Вашите пари

Автомобилот Jazz е опремен со опцијата за Стопирање во лер (Idle Stop)- кога светлата се црвени, индикаторот на моторот покажува зелена боја.

Двата модела на пренос даваат исклучително добра изведба и економичност, а со опцијата за Стопирање во лер позиција, дури и ќе заштедите повеќе гориво. Кога застанувате пред семафор и кога го ставате менувачот во неутрална позиција, опцијата за Стопирање во лер позиција го исклучува моторот и потоа автоматски го рестартира кога давате гас. Можеби оваа опција Ви изгледа како да е од мало значење,но со текот на времето ќе увидите дека има големо значење.

Интелигентна безбедност

Автомобилот Jazz e опремен со најновите технолошки  достигнувања на Honda со цел да Ве заштитат Вас и сопатниците, а и другите учесници во сообраќајот.

Систем за препознавање сообраќајни знаци

Системот за препознавање сообраќајни знаци (TSR) автоматски ги препознава знаците на патот и ги прикажува истите преку Интелигентниот мултиинформациски дисплеј, така што секогаш ќе имате точни податоци за сè она што сте го поминале по пат (Достапно за сите типови, освен за моделот S).

Систем за активирање сопирање при мали брзини

При патувањето, може да наидете на секакви видови испакнатини и дупки на паркилиштата и на патните површини. Системот CTBA е ласерски радарен систем што скенира однапред, автоматски активирајќи ги сопирачките до колку се детектира ризик од можен судир.

Систем за следење на коловозната лента

Системот за следење на коловозната лента LDW  ги детектира ознаките на патот. До колку автомобилот излезе од трасата на означената коловозна лента без претходни индикации, системот дава звучно и визуелно предупредување (Достапно за сите модели, освен за моделот S).

Систем за контрола на долгите светла

Системот за контрола на долгите светла ги проценува возните услови во Вашата околина и врши автоматско префрлање од кратки на долги светла и обратно (Достапна опција за сите модели, освен за моделот S).

Интелигентен ограничувач на брзина-темпомат ISL

Интелигентниот темпомат на Honda користи ннформации од Системот за препознавање сообраќајни знаци и му овозможува на возачот да ја подеси брзината преку уредот за контрола на управувачот (Достапна опција за сите модели, освен за моделот S).

Систем за предупредување од можен судир

Системот за предупредување од можен судир го детектира возилото што се наоѓа пред Вас. До колку систмот детектира можност за судир ќе се  вклучи звучен и визуелен сигнал што ќе Ве предупреди да преземете мерки. (Достапна опција за сите модели, свен за моделт S).

Систем за препознавање сообраќајни знаци

Системот за препознавање сообраќајни знаци (TSR) автоматски ги препознава сообраќајните знаци и ги прикажува истите преку Интелигентниот мултиинформациски дисплеј, така што секогаш ќе имате прегледност за она што сте го поминале на патот. (Достапна опција за сите модели, освен за моделот S).

Максимален спокој

Чувствувајте се доверливо и сигурно со дополнителните безбедносни карактеристики на Honda.

Систем за контрола на долгите светла

Системот за контрола на долгите светла ги проценува возните услови во Вашата околина и врши автоматско префрлање од кратки на долги светла и обратно (Достапна опција за сите модели, освен за моделот S).

Интелигентен темпомат

Интелигентниот темпомат на Honda користи информации од Системот за препознавање сообраќајни знаци и овозможува на возачот да ја подеси брзината преку уредот за контрола на управувачот (Достапна опција за сите модели, освен за моделот S).

Воздушни перничиња

Автомобилот Jazz е опремен со воздушни поерничиња насекаде во возилото, вклучувајќи ги завесните перничиња. Исто така познат како Дополнителен сигурносен систем (SRS), системот на воздушните перничиња нуди подобрена заштита  додека патувате.

Систем за пролизгување

Сензорите на VSA системот ја следат контролата на автомобилот додека возите. За да се зајакне стабилноста   се пресметува излезната моќност на силата на сопирање потребна за максимална контрола.

Бројките за заштеда на гориво се добиени како резултати  од тестирањето во лабораторија акредитирана од ЕУ. Овие бројки се обезбедени само за споредба и може да не се идентични со реалните бројки.

  • 1.3 Comfort
  • 1.3 Trend

Без оглед дали за дополнителен стил или за поголема безбедност, ќе најдете пакување за конкретната намена.

Спортски пакет

Ставете акцент на природниот спортски изглед на автомобилот Jazz со спортскиот пакет.  Со вклучен украсен дел на предниот дел од браникот во сјајноцрна боја, украсен дел на задниот дел од браникот во сјајноцрна боја, два странични обрабени украсни делови на браникот во боја и спојлер на задниот преден дел.

Дизајн пакет

Направете Вашиот Jazz да се издвои од останатите возила со стилскиот Дизајн пакет. Овој пакет ја вклучува предната маска во металносребрена боја, декорацијата на задниот дел во металносребрена боја, и со ретровизори на вратите во металносребрена боја.

Премиум пакет

Премија пакетот е стилска и практична колекција на дополнителна опрема, вклучувајќи елегантни подни килими, странични рабови на конструкцијата, предни и задни калници, украси на праговите од вратите.

Осветлување

Пакетот за осветлување е комбинација од неколку светла што му дава амбиентална атмосфера на внатрешноста на автомобилот. Со вклучено предно долно светло  и за светло на украсниот праг на вратите.

Карго пакување

До колку имате потреба често  да пренерсувате багаж или специјализирана опрема, Карго пакетот ќе Ви помогне да го организирате и да го обезбедите истиот. Со вклучена конзола во багажникот со прегради и со полица под кутијата.

Без оглед каков впечаток сакате да оставите со Вашите тркала – овде ќе го најдете Хонда сетот што Ви одговара.

Stardust АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА

15-инчни тркала  со отвори со бисерноцрни рабови (краци) и со  отвори во форма на буквата А со дијамантски изострени отвори со сјајна глазура.

  • 15" Nucleus алуминиумски тркала

15-инчните Нуклеус имаат сребрени обрабени краци во ромбоидна форма и острообрабени отвори во форма на А- буква, во матирана глазура.

Предна решетка

Оваа предна маска ја надополнува елеганцијата на Вашиот Jazz. Достапна во метална боја.

Рабови на каросеријата

Заштитете ја Вашата каросерија од несакани гребнатини и од оштетувања, со комплет на порабувања на каросеријата. (Предни и задни рабови на браникот, исто така и странични порабувања на каросеријата).

Спојлер на задниот дел

Додадете поголема софистицираност и спортски стил на Вашиот Jazz со спојлер на опашката. Достапен во иста боја како бојата на каросеријата.

Спортски педали

При креирање на спортскиот изглед, алуминиумските спортски педали нудат дополнителна контрола врз Вашето воззило.

Honda 3D звук

Сите ние сакаме нашиот звучен систем да ја произведе музиката на артисти според наш избор- без оглед дали е технички звук од студио или атмосфера или изведба во живо. Со надградувањето со компактниот уред за обработка на дигитален сигнал –DSP на постојниот аудио систем во Вашата Honda, може да го засилите звукот на ниво на звук во концертна хала.

Држач за таблет

Создадете услови за Вашите сопатници да се забавуваат при возењето со нашиот држач за таблет. Има различни позиции за да создадете удобен простор за да гледате филм, да ги читате пораките од Вашата електронска пошта или да играте игри. Плус, полнете го Вашиот таблет преку приклучокот од 12 V за да се забавувате без прекин.

Кука за закачување приколка

Со оваа кука за прикачување приколка не мора да го компромитирате стајлингот на Вашиот автомобил. Дополнително, прикачете приколка со максимален капацитет на влечење ид 1000kg  и со вертикална тежина од 95kg.

Багажник на покривот и други додатоци за покрив

Проширете го капацитетот на носивост на Вашиот автомобил со цврстиот и безбеден багажник на покривот. Тоа е прекрасен додаток за сместување кутија на покривот или за пакување со скии. Максимален капацитет за оптварувањее: 30 kg (максимум 35kg на покривот).

Достапна дополнителна опрема: кутија за скии, кутија што се прцврстува на покривот, додатоци за прикачување скии и даска за сноуборд.

Штитник за куче

Штитникот за куче е направен за да ги обезбеди Вашите миленичиња во делот наменет за багаж во Вашиот автомобил, додека возите.

Кутија за чување работи што се наоѓа под полицата

Кутијата за складирање што се наоѓа под полицата нуди дополнителен простор за складирање во багажникот во Вашиот автомобил. Наполнете ја со она што сметате дека Ви е потребно.

Полица во багажникот за складирање, со прегради.

Совршено обликуванА да одговара на формата на багажникот на Вашиот Jazz, водоотпорната полица во багажникот  има подигнати рабови што го заштитуваат надворешниот слој на автомобилот од нечистотии и од гребнатини. Подлогата е направена од нелизгав материјал ина него е испишано логото на Jazz.

Сензори за паркирање на задниот дел

Направете го паркирањето безбедно и лесно со додавање на сензорите на задниот дел за паркирање. Тие произведуваат звучен сигнал кога возилот се приблжува до некој предмет, така што може безбедно да се приближите и во најтесните и најделикатните места за паркирање.

Украсни елементи на прагот

Додадете личен печат на Вашиот Jazz со дискретна заштита на праговите на вратите. Достапни во нерѓосувачки челик, со комбинација на рапави и мазни и сјајни делови на слојот и со врежано лого на Jazz.

Елегантни подни килими

Обложени во црна боја и со волнен извезен амблем на логото на Jazz, елегантните подни килими го надополнуваат и разубавуваат внатрешниот простор.

Предна решетка

Оваа предна решетка игра финална улога за надополнување на изгледот на Вашиот Jazz. Достапен во метална боја.


Back to top