



CR-V Hybrid е опремен со ефикасен 2,0 литарски i-VTEC бензински мотор, моќен електричен мотор и литиум-јонски пакет батерии. Максималната силина изнесува 184 KS (135 kW), a максималниот вртежен момент 315 Nm.
Наместо да користи конвенционална трансмисија, едностепениот пренос со фиксен сооднос создава директна врска меѓу подвижните компоненти, што резултира со мек пренос на вртежниот момент. Ова значи дека системот на Honda е порафиниран од планетарниот e-CVT кој вообичаено се среќава кај другите хибриди.
Достапен во 8 бои
Направете Вашиот CR-V да се истакне – така како што сакате. Сјаен и моќен или мрачен и софистициран, во полна или металик боја – изберете ја нијансата што остава впечаток.