Брошура CR-V Hybrid

 

Новиот CR-V Hybrid e првиот SUV на Honda во Европа достапен со напредна хибридна погонска технологија. Honda Hybrid Performance системот се карактеризира со интелигентна Multi-Mode Drive (i-MMD) технологија која се состои од два електрични мотора, бензински мотор со Аткинсонов циклус и иновативна директна трансмисија обезбедувајќи високи нивоа на ефикасност и рафинираност.

CR-V Hybrid е опремен со ефикасен 2,0 литарски i-VTEC бензински мотор, моќен електричен мотор и литиум-јонски пакет батерии. Максималната силина изнесува 184 KS (135 kW), a максималниот вртежен момент 315 Nm.

Наместо да користи конвенционална трансмисија, едностепениот пренос со фиксен сооднос создава директна врска меѓу подвижните компоненти, што резултира со мек пренос на вртежниот момент. Ова значи дека системот на Honda е порафиниран од планетарниот e-CVT кој вообичаено се среќава кај другите хибриди.

Уникатната i-MMD технологија на Honda е така наречена заради интелигентното автоматско и незабележително префрлање меѓу трите режими на возење обезбедувајќи највисока можна ефикасност. Овие режими се:

  • EV Drive – ја црпи енергијата од пакетот литиум-јонски батерии за задвижување на погонскиот електричен мотор и тркалата (кога бензинскиот мотор е исклучен)
  • Hybrid Drive – бензинскиот мотор го задвижува вториот електромотор/генератор кој обезбедува електрична енергија за батериите
  • Engine Drive – Механизмот на спојката создава директна врска меѓу бензинскиот мотор и тркалата

Во повеќето ситуации при возење низ град, CR-V Hybrid автоматски се префрла помеѓу Hybrid Drive и EV Drive режимите за оптимална ефикасност. Во Hybrid Drive режимот вишокот сила од бензинскиот мотор може исто така да се пренасочи за полнење на батериите преку генераторот. Engine Drive режимот е најефикасен при возење на отворен пат со повисоки брзини.

При посмирени возења, CR-V Hybrid вообичаено работи во EV Drive режимот повеќе од половина време, додека при побрзи возења автомобилот се движи во EV Drive режимот отприлика една третина од времето. Контролниот софтвер на i-MMD системот постојано одлучува кога ќе префрла помеѓу овие режими за максимална ефикасност, во зависност од ситуацијата и опкружувањето, без да го вклучува возачот во тоа.

Инженерите од програмата на CR-V Hybrid работеа напорно за да обезбедат промената меѓу различните погони, вклучувајќи ја и старт-стоп функцијата на моторот кога возилото стои, да биде виртуелно незабележлива за патниците. Меката промена на вртежниот момент значи дека нема сецкања на погонскиот механизам или непосакувани повратни удари на педалите или управувачот, а скоро бесшумната погонска група дека CR-V Hybrid може да се пофали со извонредна тивкост.

i-MMD системот е подесен да обезбеди линеарно чувство при забрзувањата, со оптимизирана ускладеност меѓу притисокот на педалата за гас и одговорот на погонската група, за да обезбеди звукот на моторот да одговара на очекувањата на возачот.

Новиот CR-V Hybrid на Honda има единствен Vehicle Driver Information Interface (DII) екран кој го покажува моменталниот статус на возење и овозможува возачот да разбере како се комбинираат изворите на енергија за движење на возилото. Ги покажува наполнетоста на литиум-јонските батерии, графичкиот приказ на моменталниот тек на силината и статусот на полнење на системот.

Продажбата на Honda CR-V Hybrid на европските пазари веќе е започната.

Back to top