Избор од 8 бои:


ГЛЕДАЈТЕ КАКО СÉ СЕ ВКЛОПУВА ЗАЕДНО

Сончев покрив
Безбедност
Магични седишта
Стилска надворешност
Софистицирана кабина

ИЗВОНРЕДНА БЕЗБЕДНОСТ

Новиот HR-V го опремивме со голем број напредни инженерски решенија, што Ве штитат Вас, Вашите патници и другите корисници на патот.

1. СИСТЕМ ЗА НАДГЛЕДУВАЊЕ НА КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

Системот за надгледување на коловозната лента ги детектира обележувањата на патот. Доколку автомобилот излезе од Вашата коловозна лента без најава, системот ќе Ве предупреди за истото со звучни и визуелни предупредувања.

Достапно на класа SE, SE Navi и EX

2. СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

Системот за препознавање сообраќајни знаци автоматски ги препознава сообраќајните знаци и ги прикажува преку интелигентниот мултиинформациски дисплеј, за секогаш да знаете кој знак сте го поминале.

3. АКТИВЕН СИСТЕМ ЗА КОЧЕЊЕ ПРИ МАЛИ БРЗИНИ
Активниот систем за кочење при мали брзини е ласерски радарски систем што го скенира просторот пред Вас и автоматски кочи до колку забележи ризик од можен удар.

4. ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
HR-V е опремен со воздушни перничиња насекаде, вклучувајќи странични воздушни перничиња. Познати како дополнителен безбедносен систем, воздушните перничиња Ви нудат зголемена заштита додека патувате.

Бидете поврзани додека сте во движење

Honda CONNECT

HR-V е опремен со нашата нова технологија Honda CONNECT. Тоа е централен екран на допир, што ги чува при рака сите работи што ги сакате во животот, како Вашата музика и Вашите пријатели.
Достапно во сите класи, освен во S

Персонализиран почетен екран
Можете да го персонализирате Honda CONNECT екранот на допир од 7” со Вашите омилени фотографии. Овозможува лесен пристап до Вашите контакти на мобилниот телефон и дури може да се контролира гласовно.
Достапно во сите класи, освен во S
Bluetooth

Интуитивниот екран на допир Ви овозможува пристап до сите функции на Вашиот мобилен телефон, преку Bluetooth™. Исто така, има WiFi, USB и HDMI™ поврзување за лесно конектирање на интернет и уживање во музиката на Вашите патувања.
Достапно во сите класи, освен во S

AHA

Апликацијата AHA Ви овозможува пристап до радиостаниците и Вашите омилени социјални медиуму со само еден допир на копче.

Достапно во сите класи, освен во S

Back to top