



ВПЕЧАТЛИВ ДИЗАЈН
Новата силуета на CR-V’ може да е препознатлива, но дизајнот е нов, целосно од темел. Секоја сегмент од динамичната елегантна линија, од мускулните облини на тркалото до заоблената обликувана хауба., е развиен за да се збогатат перформансите и за да се зголеми аеродинамичната ефикасност.
Внатрешен изглед
Внатрешноста на автомобилот CR-V е дизајнирана така што го намалува чувтсвото на поврзаност помеѓу Вас и Вашето возило. Чистите линии обезбедуваат чувство на просторност, збогатени со контрастни материјали со прекрасно обликувани финиши. Контролите се поставени за едноставно ракување и за да будат интуитивно чувство за контрола, па иако сте опколени со паметна технологија,тоа’никогаш не делува наметливо. Благодарение на Контролата на активна бучава, што е стандардна опција, внатрешниот простор на возилото е тивка и мирна средина. Исто така, внатрешноста е екстремно удобна, со електричен систем за поддршка на лумбалниот дел со 4 опции, за загреани предни седишта, со достапност на загреаните задни седишта и со волан со опција за загревање*. Сите овие опциии овозможуваат пријатно патување, со максимална удобност и релаксација.
ИСТАКНЕТЕ СЕ
Направете Вашиот CR-V да се истакне – така како што сакате. Сјаен и моќен или мрачен и софистициран, во полна или металик боја – изберете ја нијансата што остава впечаток.
Изберете боја за Вашиот нов CR-V
ЗАГРЕАНИ ПРЕДНИ И ЗАДНИ СЕДИШТА
Ние тежнееме секој кој патува во новиот CR-V треба да се чувтствува топло и удобно. Токму поради тоа, ние ја нудиме опцијата за загреани задни седишта која, исто така, е достапна и на предните седишта.
APPLE CarPlay® И ANDROID AUTO™ *
Може непречено да го интегрирате Вашиот Андроид телефон или iPhone во Honda CONNECT забавно-информативниот систем, со 7-инчниот екран на допир што Ви овозможува да вртите повици, да слушате музика или да пратите и да примате пораки.
ДИСПЛЕЈ ПОСТАВЕН НА ГОРНИОТ ДЕЛ
Дисплејот што е поставен на горниот дел ги проектира клучните информации, така што возачот може да ги види податоците , без да го тргне погледот од патот.
ЗАГРЕАН УПРАВУВАЧ (ВОЛАН)
Уживајте во чувството на топол управувач во ладни временски улови. Токму ваквите детали го претвораат возењето на автомобилот CR-V во вистинско уживање.
КАМЕРА ЗА ПРЕГЛЕДНОСТ НА ЗАДНИОТ ДЕЛ ОД ПОВЕЌЕ АГЛИ
Употребете ја камерата за прегледност на задниот дел која автоматски се вклучува на 7-инчниот екран на Honda CONNECT.