Civic Type R

Страст споена со прецизност

Civic Type R претставува спој на провокативен дизајн со инженерска перфекција. Ова е филозофијата на нашиот култен автомобил.


ТРКАЧКА ДНК

По пет години поминати во развивање, конечно ја конструиравме најновата Хонда со познатата ‘Type R’ ознака. Очекувајте неверојатна возбуда – овој автомобил веќе ја освои титулата за најбрз автомобил на погон на предни тркала во Нирбургринг.


СТРАСТ ЗА ТРКАЊЕ

Type R го донесе нашиот тркачки дух на улиците.

Type R отсекогаш бил посебна марка во палетата на Хонда. Инспирирани од нашиот успех во Формула 1, во 1992г. го создадовме првиот Type R: NSX-R. Успехот на тој автомобил се прошири на цел спектар спортски Хонда автомобили.

Обележје на перформанси

Само четири Хонда автомобили ја имаат добиено познатата црвена ‘Type R’ ознака – NSX, Accord, Integra, и Civic. Секој од нив ги поместуваше границите на перформансите. А овој најнов чистокрвен автомобил е најекстремниот во сите 22 години на овие извонредни машини.


ПЕТ БОИ. ВАШ ИЗБОР.

Класични тркачки бои за акцентирање на спортскиот изглед на Civic Type R

Изберете ја бојата за Вашиот нов Civic Type R.


ЗАЛЕПЕН ЗА АСФАЛТОТ

Без разлика дали сте на тркачка патека или на автопат, секогаш сте поврзани со Вашиот свет.

1. Honda Connect

Civic Type R е опремен со нашата нова Honda Connect технологија. Тоа е централен екран на допир, што ги чува при рака сите работи што ги сакате во животот, како Вашата музика и Вашите пријатели.

2. Персонализиран почетен екран

Можете да го персонализирате Honda CONNECT екранот на допир од 7” со Вашите омилени фотографии. Овозможува лесен пристап до Вашите контакти на мобилниот телефон и дури може да се контролира гласовно.

3. Bluetooth

Интуитивниот екран на допир Ви овозможува пристап до сите функции на Вашиот мобилен телефон, преку Bluetooth™. Исто така, има WiFi, USB и HDMI™ поврзување за лесно конектирање на интернет и уживање во музиката на Вашите патувања.

 4. AHA

Апликацијата AHA Ви овозможува пристап до радиостаниците и Вашите омилени социјални медиуму со само еден допир на копче.

Back to top