ИСТАКНЕТЕ СЕ

Направете Вашиот CR-V да се истакне – така како што сакате. Сјаен и моќен или мрачен и софистициран, во полна или металик боја – изберете ја нијансата што остава впечаток.

Изберете боја за Вашиот нов CR-V


ПАТОТ КОН ИДНИНАТА НИКОГАШ НЕ ЗАВРШУВА

1. Мемориски седишта

Нели би било добро да влезете во автомобилот и да го најдете седиштето во истата позиција како што сте го оставиле? Со нашиот CR-V,  Вашето седиште ќе се врати во Вашата претпочитана позиција штом ќе ја отворите вратата со далечинскиот клуч.

2. Автоматско закосување на ретровизори

Зошто е секогаш толку тешко да видите колку сте близу до тротоарот? Нашите ретровизори се закосуваат автоматски кога возите во рикверц. Повеќе никогаш нема да ги изгребете Вашите тркала од тротоарот.

3. Подобра агилност

Зошто теренското возило да е тешко за возење? Ние успеавме да отстраниме импресивни 50 кг од нашиот CR-V, и тоа е само еден од начините што ги употребивме за да го направиме нашиот автомобил полесен и далеку поагилен.

4. Седишта на преклопување

Зошто седиштата на преклопување се толку чудни, а се наменети да бидат корисни? Со нашите седишта, тие се преклопуваат само со влечење на рачката. Многу е едноставно.

5. Активни светла за вртење во кривина

Нема никаква поента Вие да гледате во еден правец, а Вашите предни светла во друг. Затоа, ги направивме адаптивни нашите предни светла. Тоа значи дека кога го вртите воланот, се вртат и предните светла.


НОВО ЗА 2016

Понапредно инженерство. Понапреден дизајн. И понапредна технологија. Во 2015г., CR-V Ви нуди повозбудливи идеи за уште подобри авантури.

1. Динамичен дизајн

Моќниот, современ облик на новиот CR-V е надополнет со неговата смела, динамична маска и елегантните интегрирани предни светла.

2. Уште посовршена внатрешност

Освен што ја оплеменивме надворешноста на CR-V, исто така, значително ја подобривме и неговата внатрешност. Сега има апликација со нова форма со хромиран ефект низ ширината на таблата со инструменти и додадени се висококвалитетни материјали на површините. Исто така, додадовме лизгачки потпирач за рака помеѓу предните седишта.

3. Honda Connect

CR-V 2015 уште полесно го одржува контактот со Вашиот свет додека патувате, со целосно новиот аудио и информациски систем Honda Connect. Honda Connect има AM/FM, DAB и интернет радио, поврзување со Bluetooth, интернет пребарување, сателитска навигација и задна камера за паркирање.

4. Нов i-DTEC мотор

Новиот 1.6-литарски i-DTEC дизел мотор со четири цилиндри од серијата Earth Dreams технологија на Хонда, нуди значително поголема излезна моќност отколку неговиот претходник, со зголемување на максималната моќност и моментот на вртење до 160 PS и 350 Nm.

Back to top